Во Магазата на свечен начин беше отворена изложба на дела од членовите на ЕКО ПАТРОЛАТА 2007. Тимовите од сите средни училишта во Битола минатата година работеа со цел зачувување на животната средина и тоа по принципот на лоцирање и пријавување несовесни граѓани-загадувачи. Оваа активност ја документираа со фотографии и цртежи кои се најдоа на оваа изложба. Исто така беа подготвени и презентации кои потенцираа колку дивите депонии се честа појава и покрај огромниот труд на Општина Битола за континуирано чистење на градот.Изложбата ја отвори Градоначалникот Талески а присуствуваа и гости од Србија, Црна Гора и Косово.
