На плоштадот Магнолија пред бројната публика врвните уметници од Јапонија Кеико Кома и Идаки Шин се претставија со перформансот „Ноќ на поезијата и музиката“ . Со овој перформанс на битолската публика и се понуди еден поинаков пристап кон глобалните приоритети: мир, толеранција и почитување на разликите во културите и традициите.