Градоначалникот Талески го отвори Караванот за подигнување на јавната свест во врска со климатските промени

Градоначалникот Талески го отвори Караванот за подигнување на јавната свест во врска со климатските промени

 

   Градоначалникот Талески го отвори Караванот за подигнување на јавната свест во врска со климатските промени, проект на Здружението на граѓани „Фронт 21/42“ од Скопје, поддржан од Британската амбасада, а во соработка со Општина Битола.
   Изложбата се состои од 23 постер фотографии, изработени од познати светски фотографи, кои на 12 локации ширум светот со своите апарати документирале како Земјата и животите на луѓето се менуваат под влијание на климатските промени, како и мерките кои различни нации ги спроведуваат со цел да ги спречат катастрофалните последици кои ни се закануваат.
   Оваа изложба е дел од глобалната кампања „Град без јаглерод“ на Британскиот Совет. Како соработници на кампањата се појавуваат врвни личности од различни области, како премиерот на Обединетото Кралство Тони Блер, Генералниот Секретар на Обединетите Нации, Кофи Анан, познатиот актер и активист Леонардо ДиКаприо и многу други.
   На отворањето ќе биде поделена едукативна брошура со посебен осврт на климатските промени во Македонија и очекуваните последици од истите.
   Во рамките на проектот предвидено е активно учество на основните и средните училишта од градовите во кои тој се реализира. Поконкретно:

Организирање на групни посети на изложбата на ученици од основно и средно образование
Темата климатски промени е една од најактуeлните теми во земјите на Европската Унија и на истата и се обрнува огромно внимание во редовната настава. Сметаме дека посетата на изложбата, каде ќе биде презентиран и соодветен едукативен материјал ќе помогне нашите ученици, како идни европски граѓани да добијат информации со кои нивните европски врсници се во секојдневен допир.
Од досегашното искуство, како најуспешен модел се покажа организирање на групи од околу 50 ученици, според возраста, односно групи на ученици од 2-4 одделение, 5-8 одделение и  ученици од средно образование, 1-4 година. Секое училиште во претходно договорени термини треба да испрати свои групи, предводени од еден наставник. Избраните ученици кои ќе ја посетат изложбата понатаму треба да им го пренесат на своите соученици она што го научиле за време на посетата.