ТРАДИЦИОНАЛЕН КОЛЕДАРСКИ ОГАН НА ПЛОШТАДОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ТРАДИЦИОНАЛЕН КОЛЕДАРСКИ ОГАН НА ПЛОШТАДОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Со богата програма, многу храна и традиционалниот коледарски оган и оваа година, Општина Битола организираше одбележување на празникот Коледе.  
Како увертира на големата забава беше настапот на жонглерската група ТРИПЛ АЦИД, чиј перформанс предизвика воодушевување кај присутните, а веднаш потоа на Плоштадот Гоце Делчев беше запален коледарскиот оган, по што присутните се забуваа со музиката на Групата „Боеми“, настапот на Софија Кочевска, како и настапот на Филип трио.  Добрата забава покрај големиот коледарски оган беше зачинета со вкусна храна и пијалок што коледарската атмосфера на Плоштадот Гоце Делчев ја направи прекрасна и комплетна.