ТРАДИЦИОНАЛЕН КОЛЕДАРСКИ ОГАН НА ПЛОШТАДОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ТРАДИЦИОНАЛЕН КОЛЕДАРСКИ ОГАН НА ПЛОШТАДОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Започнувајќи во ритам на музика која го исполнува човечкото срце и годинава на Плоштадот Гоце Делчев во Битола силно светна коледарскиот оган кој го осветлува патот до големата вест за Христовото раѓање. Во организација на Општина Битола и Градоначалникот М-р Владимир Талески битолчани имаа можност да запеат и заиграат со исклучителната музичка програма, да ја зголемат топлината на своите срца низ дружбата со најблиските и сите заедно да си посакаат веста за Христовото раѓање да донесе здравје, мир и среќа кај секој од нас. Градоначалникот Талески на своите сограѓани им посака среќа и бериќет во Новата година и Божиќни празници исполнети со радост и благосостојба во секое семејство. Оваа вечер на Плоштадот Гоце Делчев присутните покрај коледарскиот оган имаа можност да го проследат настапот на групата Бон Тон, интерпретаторот Петар Најдовски и групата Боеми. Програмата  продолжи со настап на рок бендот ТНТ, Фалш бенд и триото Дј Микар, Зоки Конга, Дадо труба.