Во организација на СОУ „Таки Даскалот“ во Битола се оддржа дводневна меѓународна конференција на тема „Ефикасно и ефективно образование“ на кое учествуваа триесеттина професори од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора чии реферати и презентации се објавени во Зборник кој го издаде Општина Битола.
Присутните на конференцијата ги поздрави Градоначалникот Талески кој истакна дека за секого најсигурен и најдобар влог е во образованието а во таа насока се и заложбите на Општина Битола.
На првиот ден од конференцијата со свои излагања меѓу другите настапија Тони Соклевски, Даниела Велкова, Марија Младеновска-Димитровска, Мерита Мустафи и Гордана Тасевска од Македонија, Јулијана Белчева и Антоанета Стамболџиева од Пловдив-Бугарија, како и Адила Салибашиќ од Сараево, Босна и Херцеговина.