Градоначалникот Талески и директорот на ЈП „Водовод“ Зоран Илиоски ја промовираа новата современа опрема во јавното претпријатие која се набавува во три фази со средства од кредит во вредност од 2,2 милиони евра. Средствата се користата за набавка на нова постројка во баждарницата, подновен возниот парк, набавка на полутоварни возила, градежна машина, кварцна песок за филтер станицата и реконструкција на градски водоводни линии.