Менаџерите од компанијата „Кромберг и Шуберт” задолжени за човечки ресурси г-дин Зигмунт Франаш и г-дин Роберт Ласк, ја посетија Битола, се сретнаа со Градоначалникот Талески ,со претставници од универзитетот „Свети Климент Охридски”, техничкиот факултет, и договорија формирање на тим кој треба да помогне во изборот на лица кои ќе работат во фабриката која треба да се гради во индустриската зона „Жебени”.
Со изградбата на новата фабрика предвидено е да се вработат околу 2.500 луѓе од различни профили за кои ќе се овозможи тренинг за било кој профил, од луѓе на лента до менаџери и директори
Фабриката се очекува да биде изградена и да почне со работа на пролет со што ќе се реши најголемиот транзициски проблем невработеноста во нашата општина.