Екипата на „Трето полувреме“ во Битола – успешната приказна Битола – Filmland продолжува
Трето полувреме се роди пред 10 години додека Дарко Митревски ги раскопувал старите приказни за историските телевизиски серии кои Митревски ги правел во тоа време.
Екипата на “Трето полувреме“ во Битола останува пет дена, односно до сабота. Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески ги поддржува сите големи филмски проекти кои се реализираат во Битола „Ова е уште едно успешно продолжение на приказната за Битола – Filmland. Општина Битола преку својот проект Филмленд дава поддршка и на Трето полувреме на начин што овозможува решавње на нивните инфраструктурни потреби – тампонирање на улици, во конкретниот случај обезбедување на противпожарни возила и се она што им е потребно, а за што е одговорна Општина Битола. Навистина Битола има што да понуди и мислам дека на овој начин, преку филмовите кои се снимаат на битолските локации се овозможува се поголема реализација на проектот Битола – Filmland“.
Снимањето на филмот започна на 10 септември, а се очекува да заврши кон крајот на октомври, по што останатите активности ќе се одвиваат во Чешка. Премиерното прикажување на филмот се очекува да биде напролет, кога и за јавноста ќе бидат прикажани интервјуата снимени со преживеаната госпоѓа – мотив за снимање на оваа драма работена според вистинита приказна.