ПРОДОЖИЈА АКТИВНОСТИТЕ ОКОЛУ ИЗГРАДБАТА НА ЌУМУРНОТО ИГРАЛИШТЕ

ПРОДОЖИЈА АКТИВНОСТИТЕ ОКОЛУ ИЗГРАДБАТА НА ЌУМУРНОТО ИГРАЛИШТЕ

Градоначалникот Талески излезе на терен со цел увид во изградбата на спортското игралиште кај месноста „Ќумурно игралиште“. Ги информираше новинарите за текот на активностите и воедно најави реконструкција на Тумбе кафе со обновување на трим патеката како и изградба на фудбалско игралиште во с. Оризари. Инаку спортскиот терен кај Ќумурното игралиште почува да го добива конечниот изглед, се градат соблекувалните и отпочнаа градежните работи околу санитарниот јазол.