Во организација на Општина Битола, ЕУ инфо точката –Битола, Делегација на ЕУ а во рамките на „Бит фест 2011“ беше промовиран проектот „Луѓе и култура“ финансиран во рамките на Програмата за култура 2007-2013.
Битолчани имаа можност да уживаат во звуците на Тони Китановски и Оркестар Черкези уметници кои ја претставуваа нашата држава во рамките на проектот Луѓе и култура.
Исто така беше поместена изложба на слики на фотографот Иван Блажев кој учествуваше во натпреварот по фотографија Југоисточна Европа: Луѓе и култура. Неговата фотографија ‘‘Балерини‘‘ беше селектирана помеѓу 24 најдобри фотографии од вкупно 3.200 од цела Европа и објавена во прекрасна книга на фотографии.