Градоначалникот Талески го прогласи за отворено шестотот издание на летниот фестивал „Бит фест 2011” највувајќи богата културна програма со многу настани како домашни така и интернационални.
Вкупно 120 културни настани ќе бидат изведени на летната манифестација која ќе трае до 27 август. Ликовни изложби, театарски претстави и гостувања, улична музика, повеќе од 15 етно, џез, рок, поп-концерти ќе се одржуваат на сите активни летни сцени во Битола. Годинава ќе се промовира и новата летна сцена „Тумбе-кафе” резервирана за концерти и театарски претстави.
Фестивалот беше отворен со филмска музика под наслов „Плачот на виолината”, во изведба на камерениот оркестар „Арко” под диригенската палка на Рамадан Шукри.