На свечен начин беше пуштена во употреба првата бензинска пумпа на рускиот нафтен гигант ,,Лукоил“ во Битола, во присуство на Претседателот на Собранието на РМ, Љубиша Георгиевски, Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, амбасадорот на Руската федерација во Р. Македонија Н.Е. г-нот Владимир Дмитријевич Солоцинскиј, генералниот директор на ,,Лукоил“ во Македонија, Андреј Михајловиќ Куку, митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г-дин Петар и други видни гости. Отворањето на бензинската пумпа донесе 15 нови работни места, а се планираат да се отворат уште најмалку 2 пумпи. Изградбата на бензинската пумпа чинеше околу 1 милион долари.