Градоначалникот Талеско заедно со претставници од кризниот штаб во посета на 174 роми од опожарениот дел на населба Баир, евакуирани во рекреативниот центар на ЈП Стрежево во Ниже Поле. Градоначалникот ги информира дека пожарот е под контрола и дека наредниот ден ќе бидат вратени во нивните домови. Остануваат само оние 36 роми на кои им беа целосно опожарени нивните живеалишта.