Поставен камен темелник на бензинската пумпна станица на „ЛУКОИЛ“ на делницата Битола – Ресен.
Во присуство на видни гости Градоначалникот Талески, Претседателот на Собранието на РМ – Љубиша Ѓорѓиевски, Министерот за локална самоуправа –Зоран Коњановски, Амбасадорот на Руската федерација Н.Е. Владимир Солоцински , Генералниот директор на ЛУКОИЛ Македонија –Андреј Куку беше поставен камен темелник на новата бензиска пумпна станица на ЛУКОИЛ во Битола со што започна и нејзината изградба која се очекува да биде завршена до почетокот на месец март.