ВРАЧЕНА НАГРАДАТА – МЕНДЕ ПЕТКОВСКИ
На 23 декември во Општината на свечен начин, втора година по ред, беше доделена наградата Менде Петковски, а која ја доделува весникот Дневник ( чиј дописник беше и Менде Петковски) за новинарски трудови.
Годинашни добитници на наградата Менде Петковски( плакета и парични средства од 500, односно 250 евра) се: Зоран Момировски, кој е прогласен за дописник на годината, а е дописник на ТВ Канал 5#од Прилеп, Зоран Ѓорѓиев, дописник на ТВ Сител oд Струмица и Вера Тодоровска, дописник на ТВ А -1од Дебар.
Наградата на добитниците им ја честитаа Градоначалник Владимир Талески и Светлана Петковска, сопруга на починатиот битолски новинар Менде Петковски.