ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ И РАКОТОРБИ „МОЈОТ ИДЕНТИТЕТ”

ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ И РАКОТОРБИ „МОЈОТ ИДЕНТИТЕТ”

    Во Магазата Градоначалникот Владимир Талески ја отвори изложбата на цртежи и ракотворби од учениците учесници во проектот” Мојот идентитет”.
Проектот кој траеше неколку месеци е изработен од м-р Ирена Ружин и Мери Стојанова и е наменет на најмладите од Битола и идните воспитувачи/учители односно студентите од Педагошкиот факултет.
Вклучени беа ученици од  основни училишта: О.У. Елпида Караманди, О.У. Кирил и Методиј, О.У. Даме Груев.
На интерактивни и мултимедијални работилници беа обработени  повеќе теми од културното наследство.
Градоначалникот Владимир Талески посака овој интересен проект да стане пракса во сите училишта во градот затоа што нашето културно наследство треба да се доближи до сите граѓани од градот а особено на најмладите.
Проектот е финансиран од Амбасадата на САД во Скопје, Република Македонија.
Ове е уште еден настан од Битола Град на култура 2008.