На градскиот плоштад во Битола се одржа хепенинг на кој присуствуваа неколку илјади битолчани, кои заедно со фудбалерите се радуваа на најдобар начин за пласманот Пелистер во Европа. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, на спонзорите на Пелистер, Фабриката за шеќер од Битола, Млекарницата Битола, “Сибе интернационал”, и кабелската телевизија “Моби” им додели благодарници во име на граѓаните на Битола.
-Битола пред некое време влезе во европските градови на културата, а сега со успехот на Пелистер, Битола влегува во спортска Европа, а се надевам дека подолго од едно коло ќе се задржи на европската сцена.
Во рамките на хепенингот кој го организираше “Сибе интернационал” најпрво беше изведен перформанс од страна на манекенската група, а потоа настапија Влатко од “Морал”, Бојана, Ана и Роберт Билбилов.
За присутните покрај забавата, “Сибе интернационал”, им подари и околу 2.000 килограми месо, подготвено на скара и неколку илјади литри скопско пиво и кока кола.