Денот на Европа и европското помирување – 9 Мај

Денот на Европа и европското помирување – 9 Мај

 

   Денот на Европа и европското помирување како и денот на победата над фашизмот – 9 Мај, беше одбележан со бројни манифестации. По повод денот на победата над фашизмот Градоначалникот Владимир Талески положи свежо цвеќе на споменикот на НОАВМ на плоштадот Гоце Делчев, потоа со претседателот на Собранието на Р. Македонија, господинот Љубиша Георгиевски, амбасадорите на Р.Србија во Р.Македонија, Н.Е. господинот Зоран Поповиќ, и на Р.Бугарија, Н.Е. господинот Михо Михов, претседателот на Европското движење во Р.Македонија, господинот Димитар Мирчев и претставници на дипломатскиот кор од Р.Македонија по повод Денот на Европа и европското помирување, положија свежо цвеќе на бугарските, германските, српските и француските воени гробишта. Митрополитот  Преспанско-пелагониски г-дин Петар одржа молебен за опокоение на душите на загинатите војници.