ОТВОРЕН 31 ИНТЕРНАЦИОНАТЕЛ ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА „БРАЌА МАНАКИ“

ОТВОРЕН 31 ИНТЕРНАЦИОНАТЕЛ ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА „БРАЌА МАНАКИ“

31 ИФФК  „Браќа Манаки“  беше отворен со филмот „Мајки“ од Милчо Манчевски.
На присутните прва им се обрати директорката на Фестивалот Лабина Митевска која им се заблагодари на сите кои помогнаа во реализацијата на овој 31 по ред Фестивал и на гостите кои допатуваа во Битола
Присутните ги поздрави Градоначалникот Талески кој  финансиски  го поддржува  фестивалот  и дава логистичка поддршка.
Фестивалот за отворен го прогласи претседателот Ѓорѓе Иванов, кој е покровител на оваа манифестација. Тој му ја врачи „Златната камера 300” за животно дело на филмската легенда, директорот на фотографија Вилмош Жигмонд.
Министерката Канчева-Милевска  ја врачи специјалната награда на фестивалот на холивудската ѕвезда Дерил Хана.