Чествување за браќата Манаки по повод годишнината од смртта на Милтон Манаки

Чествување за браќата Манаки по повод годишнината од смртта на Милтон Манаки

По повод 49 годишнината од смртта на Милтон Манаки, а во организација на Комуната на власите – Армните „Браќа Манаки“ од Битола на Влашките гробишта во Битола беше организирано чествување за Браќата Манаки.  Вредноста на делото на Браќа Манаки е големо.Иницијативата за изградба на Киното „Балкан“ на Браќата Манаки е постапка за изградба на уште еден споменик за нивното големо дело:

„Историската личност Милтон Манаки со својот брат Јанаки направија едно дело кое што останува за сите времиња и е впишано во историјата на нашиот град, на Република Македонија и на Балканот. Значи првата камера на Балканот, фотографиите кои што тогаш се направени се фрагменти од историското минато на нашиот град. Денеска сме тука да дадеме почит кон едно големо име, едно од најсветлите имиња во историјата на нашиот град, затоа што Браќата Манаки иницираа една значајна содржина која ќе живее со децении, а тоа е Интернационалниот фестивал Браќа Манаки и се разбира нашите заложби и понатаму да живее нивното дело за Битола филмски град, изјави Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески.

Општина Битола веќе ја започна постапката за реконструкција, односно изградба на Киното на Браќа Манаки лоцирано на Широк Сокак, проектот е изготвен, а првата фаза од реконструкцијата се очекува да биде завршена оваа градежна сезона, информираше Градоначалникот на Општина Битола.