Златен и сребрен медал за најкреативна битолчанка во Ниш

Златен и сребрен медал за најкреативна битолчанка во Ниш

На седмото меѓународно претставување во Ниш за најдобри торти и колачи, во конкуренција од над 80 натпреварувачи од повеќе земји меѓу кои: Србија, Грција, Црна Гора, Турција и други земји, битолчанката Мирјана Рокососка освои златен и сребрен медал. Општина Битола го овозможи нивното претставување на натпреварот, како и секогаш безрезервно поддржувајќи ја креативноста:

„ Се што е добро и квалитетно во секоја сфера поддржуваме, помогнавме и тука убедени дека на тој натпревар одлично ќе не претстават како Општина Битола. Тоа и се случи. Конкретно, нашата сограѓанка Мирјана, донесе два медали: еден златен медал кој што се однесува за изработка на торта и еден сребрен медал за изработка на колачи, изјави Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески.

Покрај големиот успех на натпреварот, креативните жени кои ја претставуваа Битола, веќе остварија и бизнис релации со турската фирма „Полен“ која планира  да отвори свое претставништво во Битола. Градоначалникот Талески очекува средба со претставници од фирмата во идниот период, а очекува таквите контакти да резултираат со поволности и за двете страни.