ПРЕКУ СОЦИОЕКОНОМСКИ СОВЕТ ДО ПОБРЗО ВРАБОТУВАЊЕ ВО БИТОЛА

ПРЕКУ СОЦИОЕКОНОМСКИ СОВЕТ ДО ПОБРЗО ВРАБОТУВАЊЕ ВО БИТОЛА

 

Еден од условите за намалување на невработеноста е создавање на образовни профили кои ќе ги следат потребите на пазарот на трудот. Со цел интензивирање на работите на ова поле, воспоставување вистинска координација на расположливиот потенцијал: развој, перспективни потреби на работодавачите, но и адекватна понуда од младите луѓе кои треба со своето знаење и стручност да се вклучат во развој на општеството, денес Градоначалникот на Општина Битола, М-р Владимир Талески потпиша Меморандум за соработка со УСАИД.

„Овој проект е веќе започнат, а ние денеска потпишавме меморандум за разбирање и соработка и мислам дека е многу значајно затоа што на овој начин формализираме една многу важна активност. Всушност се работи за една младинска мрежа која што ја формира УСАИД. Тука треба да направиме една максимална координација помеѓу јавниот и приватниот сектор, односно се она што е потреба во општината, она што го бараат работодавачаите, нивната понуда за работа и она што значи едукација, обука и образование во општината“, изјави Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески.

Во следните 15 тина дена се очекува да биде формиран новиот социоекономски совет кој ќе го сочинуваат претставници од сите сфери во координација со општината: стопанственици, јавен, приватен и граѓански сектор, а од особена важност е вклучувањето на основните и средните училишта. На овој начин ќе се стави приоритет на изборот на образовниот профил не само според личните желби на учениците, туку и според правецот во кој ќе се развива општината. Така, со развојот на Индустриската зона „Жабени“ се очекува советот да укаже на поголема побарувачка од техничките струки. Оваа соработка е уште една потврда на заложбите и придонесот кој го прави УСАИД во образованието во Општина Битола, а пред се во создавањето услови за побрзо и поефикасно вработување на идните генерации.