СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА „ДЕБАРСКА“

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА „ДЕБАРСКА“

 

Градежните активности во Општина Битола продолжуваат. Денеска Градоначалникот Владимир Талески со своите соработници од локалната самоуправа на терен ја констатираа состојбата:

„Се наоѓаме на улица Дебарска и сите краци кои што беше потребно да се санираат ги работиме. Таа веќе во еден голем дел е санирана, меѓутоа има уште 4 краци кои што не беа дозавршени, така што во моментов со Нискоградба работиме на поставување на еден од краците за канализација. Тука во најголем дел е заменета канализацијата. Доколку има потреба и некои од малите улички исто така ќе бидат обработени, а следната фаза ќе биде и водоводната мрежа за решавањето на проблемите со притисокот и водоснабдувањето. Третата фаза од оваа активност предвидува сите краци, сите места каде што е заменета канализацијата и каде што водоводната мрежа ќе биде заменета, предвидуваме целосно асфалтирање“, изјави Градоначалникот на Општина Битола м-р Владимир Талески.

Овој дел на Битола со години беше несреден и во лоша состојба затоа што се работи за голема и стара населба со специфичен терен. Проектите се веќе изготовени, а обезбедени се и потребните финансиски средства. Вкупната инвестиција за новата канализациона, водоводната мрежа и асфалтирањето е во вредност од 12 500 000 денари.