Продолжува модернизацијата на условите во кои што се одвива наставата во СОУ Таки Даскало од Битола. За време на зимскиот распуст во ова училиште беше реконструирана нова просторија за графичка струка, беше реконструиран нов кабинет по физика, а за уште поуспешно извршување на обврските со е – дневникот, за професрите дополнително беа обезбедени 4 нови компјутери. Голем дел од досегашните активности се завршени со поддршка на Општина Битола, како и со придонес на германската компанија Кромберг и Шуберт, која обезбедувајќи услови за обука на нововработените граѓани во фабриката во Жабени, преку користење на простории во СОУ Таки Даскало, помогна за изградба на модерни кабинети кои ќе се користат во образовниот процес на учениците. Градоначалникот Владимир Талески денес го посети училиштето Таки Даскало:
„Пред извесно време во дворот на ова училиште ве информиравме дека тука создаваме услови за новопримените вработени во Кромберг и Шуберт. Се додека Кромберг и Шуберт не ги направи сите услови за обуки помогнавме со ова училиште, но помогнавме и на училиштето. Бевте сведоци дека во дел на реконструкција, прилагодување, адаптација на просториите, учествуваат Кромберг и Шуберт. Се она што беше еден вид компензација немораше секогаш да биде финансиска, но овојпат е и финансиска и помош за да се направат неколку модерни кабинети во ова средно училиште. Во моментот се работат кабинетите по хемија и биологија, македонски и англиски јазик, како и просторија за архива. Сите кабинете ќе бидат завршени во текот на следната недела. Ваквата соработка и овој начини на посредување на сите потенцијали во општината мислам дека ќе има заедничка корист. Најмногу се разбира граѓаните и се разбира, овде учениците, изјави Градоначалникот на Општина Битола, м-р Владимир Талески.
Кабинетската настава ќе овозможи стекнување на повеќе знаења преку можности за практична едукација. Во идниот период продолжува дооуредување на дворните површини, а веќе се очекува одобрување на голем проект кој ќе биде финансиран од странски фондови за реконструкција на кровната конструкција и други поголеми зафати во училиштето.
„Со подобрување на временските услови, ќе започне и реконструкцијата на сите соблекувални и кабинети по спорт и спортски активности ќе бидат реконструирани до 15 ти март. Додека другите поголеми активности ќе бидат завршени до почетокот на следната учебна година, изјави Владимир Трифуновски, директор на СОУ Таки Даскало.