ЕДИНАЕСЕТГОДИШНИОТ МУЗИЧАР ДАРКО КУЛЕВСКИ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

ЕДИНАЕСЕТГОДИШНИОТ МУЗИЧАР ДАРКО КУЛЕВСКИ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

Единаесетгодишниот Дарко Кулевски од с.Долно Оризари упорно работејќи, музицирајќи и развивајќи го својот талент веќе добива голем број награди на натпреварите во земјата и странство. Зад него се повеќе први места, а љубовта кон хармониката постојано расте:

„Оваа диплома ја добив минатата година кога освоив прво место на државниот натпревар во Скопје, а другата ја добив минатиот месец кога бев во Србија каде што исто така освоив прво место. На последниот натпревар во Скопје каде што исто така освоив прво место во Македонија свирев Свита број 2 прв, втор и шестти став и „Необузданост“. Утре заминувам на натпревар по теорија исто така во Скопје, изјави Дарко Кулевски.

Дарко денеска на покана од Градоначалникот Талески, ја посети општинската зграда, а со градоначалникот поразговара за неговите досегашни успеси, но и за проблемот, чие што решение всушност е одлучувачки фактор за понатамошни успеси на Дарко:

„Дарко е исклучително музикален. Јас имав можност да го слушнам како свири. Тој е навистина талентиран. Со родителите се договоривме доколку имаат било каков проблем да ми се обратат, затоа што многу ме интересира како напредува Дарко. Дарко има свој инструмент, но денеска родителите ми кажаа дека на натпреварите не ги добива сите 100 бода односно има мала задршка на бодови поради тоа што неговиот инструмент не содржи одреден регистар, кој исто така е важен при учество на повеќе натпревари. Убеден сум дека идниот период ќе најдеме решение и Дарко ќе го има таквиот инструмент во своите раце, затоа што тој тоа го заслужува. Дарко ќе биде еден многу познат музичар доколку своето време и талент ги посвети на музиката, изјави Градоначалникот на општина Битола м-р Владимир Талески.