ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА И ПРОМОЦИЈА НА СПИСАНИЕТО „СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ“

ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА И ПРОМОЦИЈА НА СПИСАНИЕТО „СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ“

Центарот за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво кој работи во рамките на Македонското научно друштво денеска го промовираше списанието за литература, култура, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ кое е наменето за сите чинители и творци во сите области на културата и уметноста. Во првиот број на списанието застапени се десетина писатели кои се членови на Друштвото на писателите на Македонија со кои започнува континуитетот на издавање на списанието.
На денешната промоција беа доделени и повеќе признанија за творците и чинителите на културата и уметноста кои високо ја етаблираат македонската култура. Годинешните признанија им припаднаа на :
М-р Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола, за посебни придонеси во афирмацијата на целокупната македонска литература, драмска уметност, филм и култура
Д-р Елизабета Канческа Милевска, министер за култура на Република Македонија за посебни придонеси во афирмацијата на целокупната македонска литература, драмска уметност, филм и култура
Јордан Плевнеш, книжевник и ректор на Универзитетот за аудио визуелни уметности „ЕСРА“ – Париз, Скопје, Њујорк – за високи уметнички придонеси и дострели во афирмацијата на литературата, драмската уметност, филмот и културата
Проф.Д-р Златко Жоглев, ректор на Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола за посебни придонеси во афирмацијата на целокупната македонска литература, драмска уметност и култура
Митко С.Апостоловски за 40 години висок уметнички придонес во драмската уметност и филмот
Димитар Димитровски Такец за животно дело за висок уметнички придонес во целокупното книжевно и уметничко творештво
Никола Кочовски за животно дело за висок уметнички придонес во целокупното книжевно и уметничко творештво.
За 53 години колку што постои Македонското научно друштво од Битола, ова е прв пат на ваков начин достојно да им се одаде признание и почит не само на македонските уметници и творци во различни области, кои во секој поглед се амбасадори на битолската и македонската култура, туку и на оние кои придонесуваат Македонската култур4а да се етаблира високо во Европа и светот.