ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА МЕНДЕ ПЕТКОВСКИ

ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА МЕНДЕ ПЕТКОВСКИ

Во НУБ „Климент Охридски“ Битола во организација на дневниот весник Дневник а во присуство на Градоначалникот Талески,  и бројни битолчани се изврши доделување на наградата Менде Петковски.
 Новинарите Тевчев и Kукулев ја добија наградата Менде Петковски за нивниот авторски труд Во потрага по гробот на Панко Брашнаров, објавен во емисијата „Kод“. Двајцата автори спроведоа оригинално новинарско истражување кое на крајот резултираше со пронаоѓањето на вечното почивалиште на познатиот македонски револуционер кое дотогаш беше непознато за македонската јавност.