Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и Општина Битола се организира трибина во рамките на четвртата фаза на Регулаторната гилотина – “Предност на малите”, со претставниците на малите и средни претпријатија за намалување на бројот на непотребни бирократски процедури или административни пречки за бизнисите.
На трибината присуствуваа Министерот Иво Ивановски и Градоначалникот Талески.
Целите на трибината беше преку предлози и сугестии да се дојде до определени решенија и мерки за намалување на оптоварувањата и поедноставување на условите за работа на деловната заедница во Република Македонија.