ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ ВО ПОСЕТА НА НАРОДНА ТЕХНИКА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ ВО ПОСЕТА НА НАРОДНА ТЕХНИКА

 

Големи резултати, многу успеси и голем број награди ја одбележаа работата на Народна техника во изминатата година. Помеѓу најзначајните манифестации минатата година беше и 49 –тото издание на олимпијадата на млади техничари и природници, од основните училишта од Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила. Народна техника се финансира од Министерството за образование, спонзорства и општинска поддршка. Градоначалникот Талески денеска ја посети народна техника, каде што се сублимираа минатогодишните успеси и се разгледа програмата која веќе ја одобри министерството за образование:

„Овде се зачнува и се развива првата љубов кон фотографијата, кон документарниот филм, информатиката и програмата која што директорот денеска многу прецизно и јасно ја презентираше значи дека се занимаваат и со други активности“, изјави Градоначалникот на Општина Битола, М-р Владимир Талески.

Општина Битола и во идниот период продолжува со поддршка на проектите на Народна техника.