Досегашната добра соработка помеѓу општината и организацијата на жени од Битола продолжува. Соработката особено голем интензитет бележи во последните 4 години. Денес Градоначалникот Талески оствари средба со организацијата:
„Поводот за денешната средба е што ние како организација на жени на Битола се грижиме за најразлични проблеми. Актуелниот градоначалник се одзва на нашата покана да разговараме за она што било досега во организацијата на жени, да го информираме за нашите нови активности и да побараме некои ветувања за она што ќе се реализира во понатамошниот период, изјави Светлана Петковска, Организација на жени Битола
Идната година се одбележува 70 годишнината од постоењето на организација на жени која е формирана во 1944 година во Ротинската планина, а таа година ќе биде година на жени во Битола. За овој голем јубилеј предвидени се голем број проекти:
„Се работи за една од најактивните НВО. Општина Битола максимално ги поддржува. Организацијата на жени ја претставува општината и надвор од Македонија. Ние честопати се гледаме со нив и ги вклучуваме и во нашите проекти и помагаме финансиски во се што е возможно, изјави Владимир Талески, Градоначалник на Општина Битола
Монографија, видео записи и други активности се само дел од предвидените проекти за одбележување на 70 годишнината од постоењето на организацијата на жени од Битола, а за што од општината ќе добијат максимална поддршка.