ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА НАЈУБАВО НОВОГОДИШНО УКРАСЕН ПРОСТОР

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА НАЈУБАВО НОВОГОДИШНО УКРАСЕН ПРОСТОР

Општина Битола и оваа година како дел од новогодишната програма организираше тридневна програма на Плоштадот Магнолија исполнета со многу настани, кои привлекоа големо внимание од страна на нашите сограѓани. Новогодишната програма вклучи содржини за сите возрасти. Мотивирани од идејата секоја година да внесеме нешто ново, поубаво и поинтересно во украсувањето на нашата општина, покрај новогодишното украсување од страна на општината, Општина Битола и оваа година распиша конкурс за најубаво новогодишно украсен простор. Пристигнаа 10 апликации, а исто така комисијата за избор на најубаво новогодишно украсен простор, излезе на терен, изврши проверка на доставените апликации и ги фотографираше сите интересни и впечатливи простори како: фасади, балкони и куќи во кои што нашите сограѓани имаа внесено свој ентузијазам и креативност со цел оставање посебен белег на разубавувањето на градот за новогодишните празници. Од констатираната состојба, комисијата одлучи да додели 8 парични награди и тоа: две први награди, три втори и три трети награди. Наградите ги додели Градоначалникот на Општина Битола м-р Владимир Талески, на следните добитници: Прва награда 1.Пeтар Ставревски – најубаво украсена куќа с.Трново 2.Ѓорѓи и Блага Адемови – најубаво украсена куќа – во близина на Црн Мост Втора награда 1.Мери и Владо Василевски – најубаво новогодишно украсена куќа ул.Лавчански пат 2.Бошко и Ратка Велјановски – најубаво новогодишно украсен балкон – ул.Црвени Стени бр.2 3.Благојче Јанкуловски – најубаво новогодишно украсена фасада и балкон – ул.Цане Бујуковски бр.2 Трета награда 1.Мурговски Марика и Диме – за најубаво украсен балкон на ул.Јадранска бр1 влез 1 стан бр.6 2.Мире Тасевска – носител на апликацијата за најубаво новогодишно украсена зграда на ул.ЈНА 21/11 3. Петар Жилевски – најубаво новогодишно украсен балкон во с.Кравари