Во црквата „Свети Великомаченик Димитриј“ во присуство на голем број верници, по повод верскиот празник Богојавление – Водици се одржа света божествена литургија со која чиноначелствуваше Владиката Петар.
Традиционално и годинава, триесетмина млади битолчани се натпреваруваа обидувајќи се да го пронајдат крстот во водите на црковниот базен. И оваа година најсреќен беше Никола Свенчев, кој трета година по ред успева да го фати светиот крст, а својата среќа ја подели со своите сограѓани и пријатели посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет.
Градоначалникот м-р Владимир Талески и оваа година парично ќе го награди најсреќниот на Богојавление – Водици.