ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА ВО ПОСЕТА НА ЈКП КОМУНАЛЕЦ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА ВО ПОСЕТА НА ЈКП КОМУНАЛЕЦ

Јавното претпријатие Комуналец чии што резултати во изминатиот период се евидентни денеска го посети Градоначалникот на Општина Битола. Целта на посетата беше резимирање на досегашните резултати и договарање на идните проекти кои се во интерес на жителите на општината:

„Онаква општина каква што наследивме со многу ѓубре, диви депонии, глутници кучиња по улиците, една мрачна навистина запуштена општина, благодарение на ова јавно комунално претпријатие, мислам дека состојбите се донесоа во ред. Мислам дека треба подобрување во делот што се однесува на возниот парк односно механизацијата. Покрај што ја одржуваат хигиената во градот ги вклучуваме и во расчистување на дел од нашите улици во зимниот период при обилно паѓање на снег, затоа и во идниот период ние ќе продолжиме да ги поддржуваме“, изјави Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески.

Директорот на ЈКП Комуналец Битола ја сумираше состојбата за периодот 2005 -2013 година и ги најави трите големи проекти од особена важност за Битола:

„Во идниот период ќе отпочнеме со селективно собирање на комуналниот отпад, она што значи сув и воден отпад во индивидуалните домаќинства по теркот на многу развиени земји, интересен проект ќе биде понатаму поставувањето на подземни контејнери, почетно би било тоа во амбиенталната улица Широк Сокак и трет проект затоа што следната година не очекува и регионалното собирање и транспортирање на отпадот како што е поделена државата на 8 реони, ние ќе мораме да се вклучиме во тој проект на министерството за животна средина, така што во наредната година ќе набавиме специјално возило за претовар кое возило би имало голем капацитет така што ќе ги намалиме трошоците во однос на она што значи заштеда на километри и време“, изјави Зоран Соклевски, директор на ЈКП Комуналец.

Подобрувањето на возниот парк и механизацијата во идниот период ќе продолжи, а локалната самоуправа преку поддршката на ова претпријатие продолжува со својата грижа за поубава и почиста Битола во интерес на граѓаните.