СОРАБОТКА МЕЃУ РЕГИОНОТ ДОЛНА-НОРМАНДИЈА И ОПШТИНА БИТОЛА

СОРАБОТКА МЕЃУ РЕГИОНОТ ДОЛНА-НОРМАНДИЈА И ОПШТИНА БИТОЛА

 

   Градоначалникот Талески  оствари работна средба со претставници од Регионот на Долна Нормандија од Мисијата за децентрализирана соработка и човекови права предводена од Претседателот Филип Дирон, во присуство на Почесниот конзул на Р.Франција в Битола Калиопа Кривашија Стилиновиќ.
Целта на средбата беше презентирање на програмата за локално владеење и соработка во истата и тоа во областа на млади, образование, информација и медиуми, културна размена и технологии на информирање. Се очекува плодна соработка во наредниот период помеѓу општина Битола и регионот на Долна Нормандија.