Министерот за здравство Бујар Османи и министерот за финансии Зоран Ставрески во придружба на Градоначалникот Талески ја посетија клиничка болница во врска со владината инвестиција во медицинска опрема.
Инвестицијата е во вредност од од 5.6 милиони евра од најмали хируршки инструменти до магнетна резонанца, томограф, апарат за ласерско кршење на камен во бубрег, ехо апарати за гинекологија и кардиологија, респиратори, инхалатори и сл.