На одржаната свечена седница на Управниот одбор на Сојузот на спортови на Битола и во присуство на Градоначалникот Талески беа доделени наградите за најдобрите поединци и екипи за 2010.
Гордана Цветковска Бошевска беше прогласена за спортист на Битола поради третото место на европското првенство и петтото место на светското првенство во кик-бокс, а нејзиниот сопруг Тони Бошевски беше второпласиран.
По нив следуваат:
3. Владица Брдаровски (фудбалер, ФК Пелистер)
4. Златко Димитровски (ракометар, РК Пелистер)
5. Христијан Илиевски (мотикросист,МК Пелистер)
6. Зоран Лазаревски Паљо (билдер, Фитнес студио Палјо)
7. Александар Најдовски (боксер, БК Пелистер)
8. Тања Вељановска (атлетичарка, АК Олимп)
9. Иван Крстевски (гиманстичар, КГС Партизан)
10. Симона Николовска (фудбалерка, ЖФК Топ-гол)
Посебно признание за најдобрата спортистка со инвалидитет
Оливера Наковска Бикова која ќе ја претставува Македонија на Параолимпијадата во Лондон 2012