Градоначалникот Талески ја отвори средбата на тема „Инвестиции и модерна инфраструктура- клучни предуслови за економски раст“ во организација на Стопанската комора на РМ и Македонски железници.
На средбата присуствуваа Претседателот на Стопанска комора на РМ Бранко Азевски и директорот на Македонски железници Оливер Деркоски.
Стопанствениците од регионот разменаа искуства околу економскиот развој на државата каде еден од клучните елементи е модерната инфраструктура односно железницата како и привлекувањето на странски инвестиции.
