ПУШТЕН НОВИОТ ПАТ СЕЛО ЛЕРА – СТРЕЖЕВСКО ЕЗЕРО

ПУШТЕН НОВИОТ ПАТ СЕЛО ЛЕРА – СТРЕЖЕВСКО ЕЗЕРО

Градоначалникот Талески го пуши во употреба новиот пат од село Лера до Стрежевското езеро. Овој пат е од големо значење за сите битолчани  а секако и за риболовците на „Црна река“, со што им се скратува далечината да се стигне до вештачкото езеро Стрежево .

Градоначалникот Талески ги посети исто така и конаците на црквата Свети Никола во село Лера, каде општината помогна  во изградбата на патот до конаците.