Градоначалникот Владимир Талески денес ги обиколи улиците коишто деновиве се асфалтираат во населбата Карпош

Градоначалникот Владимир Талески денес ги обиколи улиците коишто деновиве се асфалтираат во населбата Карпош

Градоначалникот Владимир Талески денес ги обиколи улиците коишто деновиве се асфалтираат во населбата Карпош во Битола.     
    Улиците во населбата Карпош, односно нивното повторно асфалтирање, се само еден од 14-те проекти кои беа планирани да се реализираат во вкупна вредност од 9.000.000 денари.
    Со асфалтирањето на улиците во Карпош, пробивањето на улицата “Железничка” и реконструкцијата на улиците од проектот М-5,  се заокружува еден дел од Битола со модерни сообраќајници кои ќе го олеснат движењето на возилата.