ОПШТИНА БИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ „ПРЕПОДОБЕН СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ“ (17.12.2013)

ОПШТИНА БИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ „ПРЕПОДОБЕН СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ“ (17.12.2013)

По повод одбележувањето на денот на преподобниот Нектариј Битолски, светецот и заштитникот на Битола – 18 декември, општина Битола организира чествување на Преподобен Свети Нектариј Битолски кое ќе одржи на 17.12.2013 со почеток во 18.00 часот во Народниот театар во Битола. Денот на заштитникот на градот, на сите граѓани на општина Битола ќе им го честитаат Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески и Митрополитот Преспанско – пелагонски г.Петар, а ќе следува и музичко сценскиот перформанс насловен „Духовно патување низ Битола“ .
„Духовно патување низ Битола“ има за цел да ја презентира музиката која егзистира на ова поднебје и тоа од самите почетоци кои датираат од 2 век п.н.е со тритонската музика, па се до денес, период во кој имаме современа (електронска) музика. Акцентот на проектот е ставен на христијанскиот моментум од битолската историја и е податлив за достојно чествување на светецот. При изработката на истиот, со внимателност е водено сметка за стилот и потребените мотиви, кои соодветствуваат со христијанското воспитување.
„Духовно патување низ Битола“ претставува музичко патување низ времето со посебни акценти на одредени периоди и настани кои се битни за градот Битола. Составен е од 27 нови музички микро композиции сплотени во една макро целина, кои со аудитивна нарација и видео презентација би ја раскажале приказната за богатата музичка традиција која е присутна на ова поднебје.
„Духовно патување низ Битола“, вторник 17.12.2013 Народен театар Битола – Чествување на Преподобен Свети Нектариј Битолски.