На 13 и 14 Мај и Битола беше дел од Меѓународното рели на олдтајмери , плод на успешната соработка меѓу нашата општина и Префектурата Лерин. На 5-тото рели кое е со натпреварувачки карактер учествуваа 60 олдтајмери кои тргнаа од Солун преку Лерин до Битола .По пристигнувањето во Битола направија обиколка низ градот по што се паркираа пред Центарот за култура каде што граѓаните на Битола можеа да ги видат.На пригодна свеченост во Хотел Епинал беа доделени и награди за учесниците на релито. Исто така му беше доделено и признание на Градоначалникот на Општина Битола за успешната соработка со организаторите на релито и Префектурата Лерин.