ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО ОПШТИНА БИТОЛА ВО ИЗМИНАТИТЕ 100 ДЕНА

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО ОПШТИНА БИТОЛА ВО ИЗМИНАТИТЕ 100 ДЕНА

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО ОПШТИНА БИТОЛА ВО ИЗМИНАТИТЕ 100 ДЕНА

ЗА 100 ДЕНА – 100 ПРОЕКТИ, НАСТАНИ И АКТИВНОСТИ

Градежна експанзија, целосно подобрување на инфраструктурните услови, зголемување на безбедноста во сообраќајот, квалитетно водоснабдување, создавање на подобри услови за воспитание и образование, голем број културни настани и инвестиции во условите за спортување и спортските активности е само дел од она што е реализирано во првите 100 дена од третиот мандат на Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески. Сообраќајниците кои со децении беа запоставени, деловите на Општина Битола во кои воопшто не се инвестирало денес имаат комплетно изменет лик.

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески кој третиот мандат го почна на 17 април годинава, денес презентираше отчет за сработеното во првите 100 дена од неговото менаџирање со оваа локална самоуправа.

Една од клучните области на која Општина Битола и Градоначалникот М-р Владимир Талески посветуваат особено внимание е економскиот развој. Потврда за неговиот напредок се 750 нови вработувања во фабриката Кромберг и Шуберет во Индустриската зона Жабени и двете нови одобренија кои ги издаде општината во првите 100 дена од новата локална самоуправа. Вкупниот број на издадени одобренија во ИЗ Жабени во моментот изнесува 5. Продолжува и доизградбата на зоната, а истовремено се работи и на проектирање, изградба на инфраструктура и инвестиции на просторот на поранешната касарна „Златен рид“.

„Најзадоволни сме кога релизираме крупни, капитални проекти и посебно кога реализираме нови вработувања. Еден од континуираните проекти е ИЗ „Жабени“ кој беше оспоруван и напаѓан но токму таму имаме 750 нови вработувања, а до крајот на оваа година очекуваме во германската компанија „Кромберг и Шуберт“ да има 1.000 нововработени. Во овој период ќе продолжи градбата и на другите фабрики во зоната што значи и можност за нови вработувања. За рамномерниот развој на градот придонесуваат и инвестициите во просторот на поранешната касарна каде свои објекти градат рускиот инвеститор „Јури“ и ГП „Пелистер“-Битола, а наскоро ќе почне градбата на неколку нови објекти во тој дел на градот со што на градежните компании ќе им биде овозможена работа и можност за вработувања, изјави Градоначалникот на Општина Битола М-р Владимир Талески.

Во рамките на проектот реконструкција на 25 улици, односно над 100 улици за 4 години веќе завршени или во фаза на реализација се проектите за 17 улици, а во завршна фаза е реализацијата на проектот за изградба на новиот мост на Црн мост. Во тек е обновата на киното на Браќата Манаки, реализацијата на проектот за реконструкција на живеалиштата во ЗОО, реализацијата на најдолгото културно лето БИТ ФЕСТ со над 242 содржини, а завршена е изградбата на три нови терени за тенис, скејт парк, како и други поголеми инвестиции кои беа најавени, а кои ќе придонесат Битола да стане спортски град.

Користејќи ги принципите на транспарентност и отчетност, изработивме отчет за првите 100 дена во кој визуелно и со детален опис се претставени сите реализирани проекти во овој период. Секаде каде што проектот е завршен и заокружена е финансиската конструкција внесен е и финансиски извештај за конкретниот проект.

Општински Информатор бр.25