ОТВОРЕНО 32 ИЗДАНИЕ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ „БРАЌА МАНАКИ”

ОТВОРЕНО 32 ИЗДАНИЕ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ „БРАЌА МАНАКИ”

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” беше отворен  со проекција на филмот „Крвта што простува” во режија на Џошуа Марстон, кој ја освои наградата „Сребрена мечка” за сценарио на Берлинскиот филмски фестивал.  
На присутните им се обрати Претседателот на РМ Ѓорге Иванов, Градоначалникот м-р Владимир Талески и директорката на фестивалот Лабина Митевска.
Свечениот почеток на традиционалниот 32-ри по ред собир на кинематограферите од светот годинава му беше посветен на Данте Спиноти, кому претседателот Ѓорге Иванов, му ја врачи наградата за животно дело „Златна камера 300”.
Гости на фестивалот се сценаристот Андамион Муратај и нашиот актер Рефет Абази. На годинешниот фестивал ќе бидат прикажани 75 филмови во осум програмски селекции.
Мики Манојловиќ е специјален гостин во Битола и тој е добитник на специјалната награда “Златна камера 300”.