Градоначалникот Талески оствари средба со Амбасадорот на Р.Словенија во Р.М Алан Брајан Бергант. На средбата посебен акцент се стави на економската соработка помеѓу Битола и Р.Словенија со можност за реализација на конкретни проекти како што е проектот за прочистителна станица.
Исто така се разговараше за идните проекти помеѓу Општина Битола и Крањ од областа на културата, образованието и екологијатасо цел да се презентираат и преземат искуствата околу децентрализацијата и исполнувањето на европските критериуми за добивање финансиска помош.
Исто така беше организиран прием од страна на Конзуларното претставништво на Р Словенија во Битола за бизнис заедницата .
