0ТВОРЕНО 30-ТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ „БРАЌА МАНАКИ"

0ТВОРЕНО 30-ТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ „БРАЌА МАНАКИ"

 

   Битолчани имаа можност да присуствуваат на необично во европски стил свечано отварање на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Гостите и наградените ги поздрави Градоначалникот Владимир Талески , а фестивалот го прогласи за отворен министерката за култура Елизабета Камчевска Милевска.
Оваа година добитници на „ Златната камера 300“ за животно дело  е Питер Сушитски, специјалната награда „Златна камера 300“ за посебен придонес во кинематографијата Ентони Дод Ментл и шпанската актерка Викторија Абрил.
После свечаното отварање следеше филмот „Сиромавиот милионер“ на Ентони Дод Ментл.