ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА НА МЕСНОСТА „ПЕТОЧНА ВОДА” ВО НАСЕЛБА БАИР

ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА НА МЕСНОСТА „ПЕТОЧНА ВОДА” ВО НАСЕЛБА БАИР

 

   Општина Битола во рамките на својата програма за комунално уредување работи на  инфраструктурно уредување на месноста „Петочна вода” со менување на водоводните и атмосферските канализации и асфалтирање на неколку улици : “Петта”, “Осма”, “Деветта” и “Единаесетта”.
Изградбата на инфрастуктурата ќе продолжи со правење на пристапот до подвозникот  за да може поголемо возило на “Комуналец” да го собира сметот и истовремено преку двата контејнери  што ќе ги постави да го санира проблемот со сметот на магистралниот пат М5.