Градоначалникот Талески посети повеќе основни и средни училишта по повод почетокот на новата учебна година. На сите првачиња им посака убави школски денови исполнети со многу другарување и секако во текот на наставниот процес да го зголемат своето знаење.
