Регионална конференција за политика за вработување во организација на Министерството за труд и социјална политика. Конференцијата ја отвори Министерот за труд и социјална политика г-дин Мешков а присутните ги поздарви Претседателот на Советот на Општината г-ѓа Кузмановска. Беше презентирана Националната стратегија за вработување и Акциониот план за вработување како и CARDS проектот, Политика за вработување II.