Градоначалникот Владимир Талески во посета на Македонците во Америка

Градоначалникот Владимир Талески во посета на Македонците во Америка

 

Градоначалникот Владимир Талески престојуваше во десетдневна посета на САД за каде што оствари повеќе средби со македонските иселеници во Америка кои ги запозна со можностите за инвестирање кои ги нуди Битола, а особено со изградбата на Индустриската зона „Жабени“. За време на престојот во САД, Градоначалникот оствари средба со американскиот конгресмен Луј Паскварел, кој е голем лобист за Р. Македонија и со почесниот македонски конзул во Њу Џерси и Њу Јорк, Славчо Маџаров.
Градоначалникот го посети и Лос Анџелес, поточно Холивуд, каде што го промовираше проектот „Битола филмски град“ и каде што оствари средба со познатиот македонски режисер Дарко Митревски, кој живее и работи во Холивуд и со познатиот битолчанец Јорго Огненовски, кој има режирано четири играни филмови.